Тимот на Дан Кју од Скопје го освои првото место на Купот на Македонија/турнир во џиу џица борење и „ne waza“ што викендот се одржа во скопската општина Кисела Вода.
Второто место е за Осеннсеи од Штип, додека третата позиција им припадна на натпреварувачите од екипата Карлос Маја од Скопје.
За најдобар машки борец прогласен е Димитриј Радев, најдобра од женските е Ева Димитровска.
Купот се одржа во организација на клубот за џиу-џица СОКЕ, додека главен покровител на истиот беше Филип Темелковски, градоначалникот на Општина Кисела Вода.
Темелковски на крајот од натпреварувањето на најдобрите екипи им додели пехари.