Данчила: За ЕУ и НАТО неопходен ви е успешен референдум ВИДЕО

205

Поканата Македонија да стане членка на НАТО е многу важна за вас, но и за нас, ја поддржуваме и евроинтеграцијата на земјата за која е многу важно референдумот што треба да се одржи на крајот на септември да биде успешен, порача премиерката на Романија, Виорика Данчила на денешната заедничка прес-конфреренција во Владата со нејзиниот домаќин премиерот Зоран Заев.

– Мојата посета тука на неколку месеци пред преземањето на преседавањето со ЕУ на почетокот од 2019 година од страна на нашата држава е израз на поддршка на европскиот пат на Република Македонија. Знаеме дека следниот извештај за Македонија ќе биде објавен на крајот во јуни 2019 година. Се надевам дека ќе имаме консензус како Совет на ЕУ и до крајот на 2019 година со одржување на конференцијата ќе почнете со отворање на точките од пристапните преговори  за членство во ЕУ. Романија  ќе се обиде да ви помогне на технички план. Посакувам голем успех на референдумот, се надевам дека тоа ќе го разберат сите граѓани на Македонија – порача Данчила.

Романската премиерка особено се осврна на улогата на ароманското население во Романија односно заедницата на Македонците како точка на соработка меѓу двете држави. Укажа дека во романскиот Парламент е инаугуриран денот на македонскиот јазик што ќе придионесе за дополнително подобрување на врските меѓу двете земји.

Премиерот Заев истакна дека очекува големо мнозинство граѓани да донесе мудра одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...