Данскиот политичар Јоаким Б. Олсен одлучил неколку месеци пред изборите својата кампања да ја промовира на порносајтот „Порнхаб“.
– Да тоа сум јас на ‘Порнхаб’ – напиша Јоаким на „Фејсбук“.
Јоаким е поранешен олимписки вицешампион во фрлање кугли и е член на Либералната aлијанса на десниот центар од 2011 година. Тој во рекламата се појавува во костум и со слоган со кој порачува сите посетители на сајтот да гласаат за Јок (Јок е неговиот прекар).
– Нема граници колку далеку би отишол за нацијата. Ако тоа вклучува и реклама на ‘Порнхаб’ за да го тргнам Расмус Палудан (неговиот ривал) од странските медиуми, ќе се жртвувам за тоа – рече Јоаким.
Тој додаде дека мора да бидете таму каде што се гласачите и објасни дека 95 отсто од неговата кампања е сериозна и дека има простор за малку забава.
Изборите за данскиот парламент ќе се одржат на 5 јуни.
Hvad sker der hvis @JoachimBOlsen betaler den annonce for sent?
Ikke noget. Så sender de bare en rykker. #onkelhumor #dkpol #dkmedier pic.twitter.com/x4jQXqHvyk— Kåre Quist (@QuistDR) May 12, 2019