Данската Влада утре ќе го поднесе предлогот за ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО до Собранието и дека процесот за ратификација ќе почне од 1 март. Ова на министерот за дијаспора Едмонд Адеми му го соопштил Алан Пег Кристенсен, заменик-шеф на Одделот за европско соседство во министерството за надворшени работи на Данска.
На средбата, Министерот Адеми ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање, и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на РМ за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување на решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ интеграција,преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на Конечната спогодба со Грција.
Адеми во едно информираше дека со потпишувањето на Пристапниот протокол за члеснтво на Република Северна Македонија во НАТО, веќе и заокруживме еден значаен дел од пристапниот процес, при што следува процес на ратификација на Пристапниот протокол во националните Парламенти на земјите членки на НАТО, оттука Адеми изрази очекувањето дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во Данското Собрание.
Алан Пег Кристенсен, ги реафирмираше добрите билатерални односи помеѓу двете земји, и упати честитки до владата на РСМ за храбриот исчекор во решавање на долгогодишниот спор,тој истакна дека веќе евроатлантскиот пат за РСМ е отворен и дополнително укажа на потребата за спроведување на потребните реформи кои се битен чекор кон членството во ЕУ. Воедно, Алан Пег Кристенсен го информираше министерот Адеми дека Данската Влада утре ќе го поднесе предлогот за ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО до Данското собрание, и дека процесот за ратификација на истиот ќе почне од 1 март.
На средбата,Адеми ги информираше соговорниците и за нашата дијаспора која живее во Данска, потенцирајќи дека истата претежно е добро интегрирана, но очекува дека во соработка и со данските институцииангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките,економските,културните и образвовните процеси во Данска ќе се зголеми.