Министерството за Правда, врз основа на предлогот на Агенцијата за млади и спорт, не денешната седница го поднесе на разгледување и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за спортот.
– Се предлага даночно ослободување по Законот за данок за националните спортски федерации, за спортските клубови, за активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови, како и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, соопшти Владата.
Даночното олеснување ќе се користи врз основа на издаден ваучер од страна на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, со што ќе се обезбедат значителни средства за поддршка на спортот и спортистите.