Оние кои некогаш биле извидници, веројатно, како и мојот пријател, во рамките на обуките за преживување во природа, испробале печени скакулци. Такашто, кога му кажав дека ќе правам интервју со еден од пионерите на овој светски тренд во исхраната во регионот на поранешните југословенски републики, не беше многу изненаден од темата на разговорот.
„Ние како извидници јадевме скакулци, ги печевме на плотна врз отворен оган и беа вкусни, така, крцкави“, ми раскажа тој и ми рече да го прашам мојот соговорник како тоа што беше дел од животот на извидниците некогаш, денеска стана светски тренд и дали тој самиот некогаш имал слично искуство.
И секако дека го прашав. Информацијата за извидничкото искуство на мојот пријател не ја коментираше, но рече дека досега испробал повеќе видови на инсекти.
„Досега сум пробал различни инсекти (скакулци, разни видови црви и штурци, мравки, свилена буба,…). Глобално, трендот на консумирање на инсекти е во голем пораст и стартапи како мојот можат да се очекуваат во уште поголем број.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.