Даниел Крег побогат од Џејмс Бонд: Колку пари заработи од славната улога?

Актерот е познат и по добротворната работа – во 2015 година е прогласен за глобален заговорник за укинување на мини и експлозивни направи.

308
ФОТО: EPA/PAUL BUCK

Познатиот холивудски актер Даниел Крег е побогат од тајниот агент 007. Крег е познат и по улогите во филмовите „Defiance”, „The Girl With The Dragon Tattoo” и „Logan Lucky”, но секогаш ќе го паметиме по улогата на храбриот Џејмс Бонд.

Крејг се има појавено во 4 продолженија за агентот Бонд, а неговиот петти филм „No Time to Die“ премиерно ќе биде прикажан во 2020 година. Еве што досега успеаја да дознаат медиумите за неговата улога во оваа франшиза и колку всушност е богат актерот.

Првиот негов филм во кој го глуми познатиот агент – „Casino Royale“, прикажан во 2006 година, заработи 599.046.960 долари и со тоа ја оствари најголемата заработка во франшизата сè додека не го надмина „Skyfall“ во 2012 година, со заработка од над милијарда долари преку прикажувањата ширум светот.

Неговото богатство значајно пораснало откако почна да го глуми Џејмс Бонд. Во 2015 година се најде на листата на Форбс за најплатени актери, со заработка од 27 милиони долари за филмот „Spectre“. Беше еден од најплатените актери и во 2012 и 2015 година.

Додека заработува околу 25 милиони долари по филм за Џејмс Бонд, во 2016 година по снимањето на „Spectre“ медиумите пишуваа дека добил понуда од околу 150 милиони долари да сними уште два филма за агентот 007. По продолжението на „No Time to Die“, тој ќе биде третиот актер, по Роџер Мур и Шон Конери, кој најдолго го глумел најпознатиот агент во франшизата.

Актерот е познат и по добротворната работа – во 2015 година е прогласен за глобален заговорник за укинување на мини и експлозивни направи.

ФОТО: EPA/PAUL BUCK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...