Данев побара, Џафери одби Собранието да работи и по 18 часот

2482

Драган Данев, еден од координаторите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара седницата за уставни измени да продолжи со работа и по 18 часаот поради важноста на темата, но претседателот на Собранието Талат Џафери, го одби барањето со образложение дека никаде во Деловникот не е наведено дека пратеник може да побара продолжување на работа на собраниската седница

– Ппради важноста на темата, а и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров се тука, побаравме да продолжиме да работиме и по 18 часот, но немаме одговор – рече Данев.

Џафери го отфрли барањето и рече дека само претседателот на Собранието одлучува дали ќе продолжи со работа Собранието и по 18 часот.

Во меѓувреме дел пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...