Данев: Нема да поддржам никакви пост референдумски договори

1260

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на Фејсбук напиша дека нема да учествува и да поддржува апсолутно никакви пост референдумски договори, зошто смета дека власта сака да ја изигра волјата на граѓаните.

„Почитувани граѓани, на крајот од денешниот историски ден чувствувам потреба да одговорам на сите инсинуации и неаргументирани обвинувања. Од првиот ден бев еден од најголемите критичари на спогодбата од Нивици, еден од прво потпишаните подносители на кривична пријава за велепредавство против Заев и Димитров и бев убеден дека само граѓаните се тие кои треба да се произнесат околу спогодбата, а не ние како претеници во Собранието на Р.Македонија, верувајќи дека граѓаните секогаш носат правилна одлука.

Со моето јавно неподржување на договорот и почитувајќи ја недвосмислената волја на Македонскиот народ, почитувани граѓани бидете сигурни:”За мене како пратеник спогодбата од Нивици е отфрлена од Македонскиот народ и како досега, така и од сега, нема по никаква цена да гласам за уставни промени со цел промена на нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

П.С. Нема да учествувам и да поддржам апсолутно никакви пост референдумски договори со цел изигрување на референдумската волја на граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, напиша Данев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...