Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, изјави вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата.
Тој повтори дека цензус нема и оти не се исполнети условите од Уставот за успешен референдум.
– Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на утавното име на РМ – истакна Данев.
На прашање што доколку има тајно гласање, Данев рече дека ако има тајно гласање ќе излезе од таа седница.
На прашање дали е прифатлива опцијата за предвремени избори, тој рече дека за тоа ќе се разговара во телата на партијата.