Данев: Декларацијата за НАТО не е ништо ново, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи

1139

Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО не е ништо ново, оцени ВМРО-ДПМНЕ и партијата ќе ја поддржи.

– Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година токму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период – рече Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...