Данев: Венецијанска да го толкува противуставниот Договор за името

173

За противуставниот Договор ќе побараме толкување од Веницијанската комисија за утврдување на неговата правна природа и правни санкции и одговорност за изигрување на правото и правната држава со цел легализирање на ова капитулантско дело, најави Драган Данев шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Владата и парламентарното мнозинство, прекршувајќи ги Уставот, Деловникот, законите и процедурите сакаат да протуркаат антидржавен и антиуставен договор кој е во спротивност со интересите на граѓаните на оваа земја.  Владата која го склучи овој штетен и противуставен договор, сега сака на мала врата, без дебата да го протне преку кршење на Деловникот и процедурите токму овде во Собранието.
Ако овој договор е толку добар за Република Македонија, зошто тогаш Владата и парламентарното мнозинство бегаат од дебата грубо кршејќи ги сите процедури?
Ваквото однесување преставува продолжување на самоволното и шверцерско однесување на власта, каде преседаните стануваат пракса, а кршењето на Уставот, Деловникот и законите секојдневие – рече Данев.

Тој посочи дека ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Прво со изборот на Талат Џафери за „таканаречен“ претседател на Собранието, потоа со законот за двојазичност и сега со договорот со Грција.

– Ратификацијата на меѓународни договори никогаш досега не се разгледувале во Комисијата за европски прашања, туку во Комисијата за надворешна работа. Приемер за тоа е договорот со Бугарија кој што се разгледуваше во Комисијата на надоврешни работи. Зошто тој договор е поразличен од овој договор?
Секогаш кога власта сака нешто да протурка на мала врата ги крши процедурите.
Имаме кршење на деловникот и членот 135 каде точно се пропишува употребата на европското знаменце.   Власта и парламентарното мнозинство заобиколувајќи ја Комисијата на надоврешни работи избегаат од дебата за овој капитулантски договор – рече Данев.

Според него, власта на овој начин не сака да ги слушне критиките од јавноста бидејќи прифатила договор со кој се менува Уставот, се брише терминот Македонија, се менува и задира во националниот идентитет, се откажуваат од малцинствата, спомениците се прикажуваат за грчки и се прифаќаат еден модерен геноцит.

– Зоран Заев и самиот призна дека овој договор не е добар за Република Македонија.
За потпишувањето на ваквиот договор и неговото противуставно и противделовничко спроведување во Собранието на Република Македонија ќе има одговорност.
Ние за ваквиот противуставен договор ќе побараме и толкување од веницијанската комисија за утврдување на правната природа на истиот договор. Имаме изигрување на правото и правната држава со цел легализирање на ова капитулантско дело.
Тоа мора да биде правно санкционирано – најави Данев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...