Текстот дека приватната компанија „Секјуритас“ ја обезбедува зградата на Министерството за внатрешни работи на улицата Кнез Милош во Белград, прво се појави, а потоа исчезна од насловната страница на саботното издание на весникот „Политика“, јави дописникот на МИА од Белград.
Во денешното издание на „Данас“, овој весник повикувајќи се на неофицијални извори, посочува дека исфрлањето на текстот дошло по интервенција на Министерството за внатрешни работи.
Првото печатено саботно издание на весникот „Политика“, како главна вест на насловната страница ја објавува приказната за приватната компанија која ја обезбедува зградата на МВР.
Но, текстот под наслов „Седиштето на МВР го чува приватно обезбедување?“, не само што не можеше да се види на насловната страница на подоцнежните саботни изданија, туку не можеше да се најде ниту во доцните изданија на весникот.
Вршителот на должноста главен уредник на „Политика“ за „Данас“ не сакаше да ја коментира оваа околност.
Во спорниот текст се цитира изјавата на претседателот на Синдикатот на вработените во полицијата Дејан Ѓукиќ дека зградата на Министерството за внатрешни работи на Србија на улицата „Кнез Милош“ во Белград се обезбедува од приватната фирма „Секјуритас“.
Според верзија на настанот, „Данас“ пишува дека авторот на текстот, по објавувањето во првото издание, бил повикан од Немања Пантиќ од Одделот за медиуми и комуникации на МВР, незадоволен од изгледот на насловот и поднасловот на текстот. Изворот на „Данас“ тврди дека текстот потоа бил отстранет на интервенцијата на главниот уредник, не можејќи да каже со сигурност кој го објавил тој телефонскиот повик.
Изворот на „Данас“ тврди дека текстот потоа бил отстранет на интервенцијата на главниот уредник, не можејќи да каже со сигурност кој го објавил тој телефонскиот повик.
Перица Гуњиќ, уредник на порталот „Цензоловка“, посочува дека не е изненаден од информациите дека „Политика“ цензурирала текст. Она што го изненадува е фактот дека некој уредник на „Политика“ помислил само да го објави текстот во првото издание.
Од „Политика“ откако овој весник го раководи Жарко Ракиќ поради цензура го напуштија бројни соработници, меѓу кои и професорката на Економскиот факултет Даница Поповиќ, аналитичарот Љубодраг Стојадиновиќ и карикатуристот Душан Петричиќ, пишува „Данас“.