Дали ќе се жртвува воената инфраструктура поради ѕидот на границата меѓу САД и Мексико?

96
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Вршителот на должност шеф на Пентагон, Патрик Шенахан изјави дека на американскиот Конгрес му ја претставил листата на предвидени проекти со буџетот за изградба на воена инфраструктура, кои би можеле да бидат укинати со цел да се помогне финансирањето на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец прогласи состојба на зголемена национална безбедност во напорите да обезбеди финансиски средства за изградба на ѕид на границата со Мексико без согласност на Конгресот.

Прогласувањето состојба на зголемена национална безбедност и овозможува на администрацијата на Трамп за потребите на изградбата на ѕидот да користи пари од буџетот за воена инфраструктура доколку е потребно.

Документот, кој од Шенахан беше доставен до Конгресот има повеќе од 20 страници, а меѓу проектите  предложени за откажување се гробиштата при Американската воена академија во Њујорк, како и командна и контролна зграда во кампот Танго во Јужна Кореја.

Американски медиуми коментираат дека мала е веројатноста оваа листа да го задоволи Конгресот, оти, како што велат извори од Конгресот, листата е нецелосна, а на неа се наоѓаат само проекти кои Конгресот веќе ги одобрил.

Пентагон соопшти дека за евентуална изградба на ѕидот може да издвои околу 3,6 милијарди долари од буџетот предвиден за изградба на воена инфраструктура, доколку е потребно.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...