Шеќерот денес се смета за една од најозлогласените намирници и најголем непријател на нашата витата фигура, како и на здравјето генерално.
Повеќето нутриционисти советуваат дека, ако веќе мораме да го засладиме своето кафе, подобро да користиме мед или јаворов сируп. Како што велат, на тој начин ќе внесеме помалку калории во организмот.
Освен тоа, овие две намирници наводно подобро се разложуваат во нашето тело и со самото тоа, го намалуваат зголеменото лачење на инсулин што е многу важно за здравјето. Интензивираното производство на овој хормон доведува до појава на инсулинска резистенција, дебелеење, зголемување на ризикот од појава на дијабетес и слично.
Прашањето е следно, дали навистина тоа е така? Дали на своето тело му правиме услуга кога шеќерот го заменуваме со мед?
Американските стручњаци велат дека оваа теорија е потполно неоснована. Иако здравата логика ни вели дека наместо шеќер е попаметно да избираме мед и јаворов сируп кога сакаме да се засладиме, науката сепак, вели поинаку.
– Единствено што постигнуваме на овој начин е тоа што внесуваме помала доза на антиоксиданси во организмот. Но, што се однесува до „разградувњето“, нашиот организам речиси на ист начин ги метаболизира јаворовиот сируп, медот и другите шеќери – рекла американската нутриционистка Ребека Клајд.