Фотографијата од една млада девојка од 19. век, која необично потсетува на Грета Тунберг, предизвика шпекулации на темата – дали активистката против климатските промени е „патник низ времето“.
Црно-бела фотографија од архивите на Универзитетот во Вашингтон покажува три деца кои напорно работат во Јукон, Канада, во 1898 година.
Девојчето во преден план на фотографијата е исклучително сличнa на Швеѓанката Грета Тунберг.
За многу корисници на социјални мрежи, оваа фотографија значи само едно: Грета Тунберг е патничка низ времето.
Тоа било доволно, откако фотографијата која се чува во архивите на Универзитетот во Вашингтон завршила на социјалните мрежи, поединци да почнат да пишуваат дека Грета поминала повеќе од еден век живеење и дошла да нè предупреди за климатските промени.
FOTO: Tviter/Printskrin