Дали имаме морална обврска да го напуштиме Фејсбук?

361

Станав корисник на Фејсбук во 2008 година, во најголем дел, имав корист од тоа што имав профил. Во последно време се прашувам дали би требало да го избришам мојот профил. Како филозоф со специјален интерес кон етиката, го користам изразот „би требало“ во морална смисла. Во врска со новите настани поврзани со Фејсбук, дали постои обврска да се напушти оваа социјална мрежа?, пишува С. Метју Лиао, кој предава филозофија и раководи со Центарот за биоетика на универзитет во Њујорк, за Њујорк Тајмс.

Од една страна, човек има повеќе причини зошто да го напушти Фејсбук. Ви го одзема времето и ве прави зависен. Истражувањата покажале дека Фејсбук може да ја влоши состојбата на депресија и анксиозност. Некој кој се фаќа себеси како неконтролирано пребарува низ Фејсбук, или постојано се споредува со пријателите на Фејсбук, можеби има обврска да го напушти поради лична грижа.

Од друга страна, Фејсбук беше користен да шири бели супренацистички пропаганди и антисемитски пораки во и надвор од САД. Обединетите Нации го обвинуваа Фејсбук за ширење на говор на омраза против муслиманите Рохингја во Мјанмар, што резултираше со етничко чистење.

Фејсбук исто така дозволи да се допре до политички податоци на милиони гласачи во САД, така што ќе можат да бидат таргетирани со персонализирани политички реклами. На Фејсбук можат да се најдат и голем број лажни вести.

Некои луѓе сметаат дека бидејќи објавуваат само фотографии од своите мачиња, немаат врска со ова. Но ова размислување е погрешно поради неколку причини. Една од нив е, што самото нивно седење на Фејсбук ги охрабрува нивните пријатели да го прават истото, а некои од нив може да се вплеткаат во тие активности.

Дали имаме обврска да го напуштиме Фејсбук за доброто на другите? Одговорот е да за сите оние кои намерно шират говор на омраза и лажни вести таму. За нас другите, не е лошо да се запрашаме дали Фејсбук премина некои црвени линии, влегувајќи во царството на целосно зло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...