Дали Иванов за последен пат ќе се обрати пред Парламентот?

598
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го одржи редовното годишно обраќање во Собранието на Макеоднија. Терминот не е договорен, а како што информира на средба со новинарите претседателот на Парламентот Талат Џафери, од кабинетот на Иванов досега не е испратено писмо за одредување термин за негово обраќање пред пратениците.

Џафери вели дека Иванов нема обврска да се обрати во Парламентот туку дека тоа е негово право. Во декември Собранито има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќањето на Иванов, доколку тој побара.

Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.

Во врска со Договорот од Преспа, за кој законот за ратификација нема потпис од претседателот на државата, и не е доставен во Службен весник, Џафери рече дека ќе биде испратен без потпис на Иванов, но не прецизираше кога.

ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...