Родово базирано насилство, мобинг, пониски плати од мажите и дискриминација – поради овие причини организациите за родова еднаквост го одбележаа меѓународниот ден на жената со марш низ центарот на Скопје. „Сакаме еднакви шанси“, „И транс-жените се жени“, „Дали е среќен 8ми март?“
Со вакви пароли активистките испратија апел и до политичарите да ги поддржат законите кои ги унапредуваат правата на жените.
На протестниот марш учествуваа и министрите за здравство и за труд, Венко Филипе и Мила Царовска.
фото: Плусинфо