Дали е погрешно преведен Вучиќ дека е подготвен да го признае Косово?

„Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, повторно е фатен во лага со која се обиде на странците истовремено да им испрати порака дека е подготвен да го признае Косово како независна држава, а на јавноста во Србија да се претстави како борец за Косово“, соопштија од опозицискиот фронт Сојуз за Србија(СзС).

876
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Информацијата на агенцијата АНСА дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е подготвен да го признае Косово ако добие нешто во замена е повлечена поради погрешна интерпретација и погрешен превод.

– Не може да го признаеме Косово, а ништо да не добиеме од другата страна – изјави Вучиќ во интервју за италијански медиум, по повод претстојната посета на италијанскиот премиер Џузепе Конте во Србија.

Во корегираната варијанта е објавено: „ Ако не биде постигнат компромис за Косово, ќе настане катастрофа“, но нема ништо од сензационалната вест за признавање на Косово.

Вучиќ посочи дека прашањето за промена на границите е спорна тема, бидејќи не сите ги признаваат истите граници, во зависност од тоа дали ја признале независноста на Косово или не.

– За разлика од косовските лидери, кои секој ден ги лажат своите граѓани со нереални ветувања дека Приштина ќе добие се, а Белград ништо, моја обврска е да им го објаснам на Србите значењето на компромисот (со Приштина), кој не претставува пораз, туку победа. Победата за иднината на Србија, рече Вучиќ.

Тој негира дека имал тајни средби со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како што тврдат некои медиуми, и ги нарече „чиста лага“ тврдењата за постоење проект за конечен договор меѓу Белград и Приштина, пишува весникот „Данас“.

Вучиќ повтори дека Белград нема да го продолжи дијалогот со Приштина, додека косовските власти не ги укинат царините од 100 проценти на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина.

„Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, повторно е фатен во лага со која се обиде на странците истовремено да им испрати порака дека е подготвен да го признае Косово како независна држава, а на јавноста во Србија да се претстави како борец за Косово“, соопштија од опозицискиот фронт Сојуз за Србија(СзС).

Вучиќ веќе не може да сокрие дека е на чекор до приватна спогодба со која трајно и неповратно ќе ја разгриничи Србија од територијата на Косово, се наведува во соопштението за јавност на СзС, во кое се оценува дека ова јасно се потврдува од изјавата на италијанската агенција АНСА, во која изјави дека Србија “не може да го признае Косово, а да ништо не добие од другата страна”.

На карактеристичен манипулативен начин, тој сочека оваа вест да се објави во западните медиуми, а потоа побара од италијанската новинска агенција повторно да ја емитува веста без оваа реченица, со цел од српската јавност да ги сокрие своите вистински намери и да се претстави како борец за Косово,нагласуваат од СзС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...