Пред 17 години кога била во своите триесетти, Синди со својата партнерка одлучила дека сака да има деца.
Со часови ги прегледувале профилите на донорите на сперма, одлучувајќи се конечно за човек со чист медицински картон и малку наследни болести во семејството. Го знаеле својот дарител само по неговиот идентификациски број.
Синди родила здраво момче, а подоцна користејќија спермата на истиот дарител повторно забременила и повторно родила машко.
Кога малку пораснале момчињата успеале да прнајдат неколку полубраќа и сестри внесувајќи го идентификацискиот број на донорот во онлајн базата на податоци. Потоа родителите одлучиле на сите деца зачнати со иста сперма да им направат ДНК тест.
Резултатите покажале дека синовите на Синди не се во сродство со другите деца. Банката на сперма им продала сперма од друг дарител наместо онаа која ја одбрала после внимателно прегледување.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey