Колинда Грабар-Китаровиќ сè уште нема „своја“ кукла Барбика, но затоа добила – бабушка.
Во Санкт Петербург, Русија, се продава бабушка со ликот на хрватската претседателка.
Куклата е во дресот на хрватската фудбалска репрезентација, а во рацете држи фудбалска топка.
Вработените во книжарницата „Рокмарк“ во Санкт Петербург ја здогледале бабушката Колинда па ја фотографирале и ја објавиле на официјалниот профил на Инстаграм.
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ очигледно оставила мошне добар впечаток во Русија.
FOTO: Printskrin/Instagram
ФОТО: EPA / YURI KADOBNOV / POOL