Експертите кои се обидуваат да ја утврдат причината за исчезнувањето на летот MH370 веруваат дека пилотот е одговорен за трагедијата. Тој го планирал масовното убиство на 239 патници и членови на екипажот, пишуваат австралиските медиуми.
Тимот на воздухопловните стручњаци кои го истражуваат исчезнувањето и падот на авионот на Малезија ерлајнс во 2014, на пат од Куала Лумпур до Пекинг соопшти дека се согласни околу причините за исчезнувањето на MH370.
– Мислам дека јавноста може да биде утешана од фактот дека експертите се сѐ посогласни за тоа што се случило во авионот во последните моменти – рече Лери Фанс, поранешен истражувач на Агенцијата за сообраќај и безбедност на канадската влада.
Тимот уште еднаш ќе ја провери можноста дали пилотот Захари Амхад Шах намерно извршил масовно убиство.
Многу експерти веруваат дека пилотот Шах е одговорен за трагедија. Необјаснивото, чудно навалување на авионот над Пенанг од страна на капетанот Захари било всушност негов последен поглед во „емоционалното збогување“ со неговиот роден град.
Адвокатот кој ги застапуваше семејствата на жртвите, Џон Досон, неодамна изјави за медиумите дека доказите укажуваат на тоа дека за исчезнувањето на авионот е одговорен некој од членовите на екипажот.
– Пилотот кој управуваше со летот MH370 го свртел авионот од патот. Доказите цврсто покажуваат дека екипажот бил вмешан. Притисокот во авионот бил пореметен, луѓето се гушеле. Тоа било смислено убиство. Било внимателно планирано. Телата никогаш не беа пронајдени – рече Досон.
Да потсетиме, авионот на летот од Куала Лумпур за Пекинг исчезна од радарските екрани на 8 март 2014 година, помалку од еден час по полетувањето. Во авионот имало 227 патници и 12 членови на екипажот.
Подготви: А.Ј.
ФОТО: видео
Should we continue the search for MH370? On #60Mins, our panel of experts say that finding the missing plane ‘isn’t necessary,’ as all the evidence we now have proves #MH370’s disappearance was a planned and deliberate criminal act. Full story: https://t.co/TmbnC6MLUN pic.twitter.com/SFZZE49wOk
— 60 Minutes Australia (@60Mins) May 14, 2018