Автомобилот во кој се наоѓале Крис Мартин, фронтменнот на „Колдплеј“, неговиот син Мозес (13) од бракот со Гвинет Палтроу и неговата девојка, актерката Дакота Џонсон, прегазил жена на пешачкиот премин.
Инцидентот се случил во Њујорк, каде славната двојка гостувала во една емисија, а по излегувањето од студиото ги пречекал возачот со автомобилот.
Возачот не запрел кога семафорот покажал црвено светло, и ѝ ја прегазил ногата на жената на пешачкиот премин.
Крис Мартин заедно со партнерот и детето на повредената жена ги дочекал полицијата и амбулантното возило, а синот Мозес и Дакота ги испратил со друг автомобил. Тој останал со повредената жена сè додека не била одвезена во болница.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.