Давид – велешкиот Раста, има нова песна! ВИДЕО

- Ми одговараат споредбите со Раста, но јас ова што го правам е поразлично од неговата музика и целта ми е да оставам свој печат, вели Михајлов.

788

Момчето од Велес за кое многумина предвидуваат балканска кариера, Давид Михајлов ја објави својата трета песна. Таа носи наслов „Мој свет“, а како и за претходните две нумери: „Злато моје“ и „Моја мала“, Давид довербата и овој пат му ја довери на Темелко Андреев кој се потпишува како комплетен автор. И за оваа нова песна, Давид сними видеоспот кој е во режија на одличниот Владислав Гавриловски.

Третата негова песна и повторно на српски јазик, но Давид ветува дека следната на која веќе се работи ќе биде на мајчин јазик.

– Навистина вложивме доста труд во овој проект за да го добиеме тоа што го замисливме со мојата екипа. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека се надминавме и поради тоа сум премногу благодарен на Темелко. Реакциите кои веќе ги добивам за новата песна се повеќе од одлични и ме мотивираат да продолжам да создавам нови песни. Инаку да, новата песна на која веќе се работи ќе биде на македонски јазик – вели младиот Давид и додава дека му одговараат споредбите со Раста иако имале различни стилови.

– Ми одговараат споредбите со Раста, но јас ова што го правам е поразлично од неговата музика и целта ми е да оставам свој печат, вели Михајлов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...