Гутереш очекува Брисел да покаже поголем ентузијазам за проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Гутереш, во контекст на постигнување целосна стабилност на регионот, ја истакна важноста за создавање средина во која работите ќе се одвиваат позитивно и оцени дека тоа е една од причините за нерешавање на отворените прашања, со одреден застој на Брисел во поглед на проширувањето.

70
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, изрази очекување дека Брисел ќе покаже поголем ентузијазам за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

Во соопштението од Кабинетот на Ѓукановиќ се наведува дека Гутереш, во контекст на постигнување целосна стабилност на регионот, ја истакна важноста за создавање средина во која работите ќе се одвиваат позитивно и оцени дека тоа е една од причините за нерешавање на отворените прашања, со одреден застој на Брисел во поглед на проширувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...