Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Гутереш се надева дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори.

128
Photo: EPA / JUSTIN LANE

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како пројава на лидерство во регионот и вон него“.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генралниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Гутереш се надева дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори, додаде Џарик.

Фото: EPA-JUSTIN-LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...