Гугл подготвен да плаќа даноци во држави каде прави промет

143

Гугл изрази подготвеност за меѓународен договор со кој ќе се предвиди мултинационални компании да плаќаат повеќе даноци во држави каде прават профит, а не во државата каде се регистрирани.

– Поддржуваме движење кон нови меѓународни и глобални механизми за начинот на кој се воведува данок за мултинационални компании – напиша на блог Каран Батија, висок претставник од американскиот технолошки гигант.

Според него, корпоративниот данок е важно средство за тоа компаниите да дадат свој придонес кон држави и заедници каде се прави бизнис.

– Сакаме да бидеме фискална средина каде луѓето ќе ја сметаат за разумна и соодветна – додава тој.

Батија изрази сомневање дека ако нема меѓународен договор некои држави може да воведат дискриминациски даноци за странски компании во различни сектори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...