Гугл мапс ќе го бележи нивото на улично осветлување

120

Гугл работи на нова опција за апликацијата Гугл мапс, што може да значи поголема безбедност на корисникот.

Се работи за показател за лошо и подобро осветлени улици, за корисниците кои се движат пеш. Новата функција се наоѓа во кодот на бета-верзијата на Гугл мапс што покажува дека ќе биде достапна за корисниците.

Програмата ќе ги нагласи добро осветлените улици со жолто.

Кога новата опција ќе биде достапна за широка употреба – засега не се знае, ниту пак, како точно Гугл ќе ги собира податоците редовно и навреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...