„Гугл“ казнет со 1,49 милијарди евра од ЕУ

125

Антимонополското регулаторно тело на ЕУ го казни „Гугл“ со 1,49 милијарди евра поради „злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето“.

„Гугл“ е казнет по жалбата дека ги блокира рекламите на конкурентските компании на своите пребарувачи.

Ова е трета казна за американската компанија во последниве две години. Антимонополскиот регулатор на ЕУ лани го казни „Гугл“ со рекордни 4,34 милијарди евра затоа што го користел својот оперативен систем Андроид за блокирање на конкурентите.

Претходно, во 2017 година, „Гугл“ беше казнет со 2,42 милијарди евра поради злоупотреба на доминантана позиција на пазарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...