Гувернерот на Калифорнија Њусом прогласи вонредна состојба поради Ковид-19, има 53 заразени и еден починат

Нови случаи се пријавени и во двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес.

187

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради коронавирусот во државата, каде досега има 53 потврдени случаи.

Тој прогласи вонредна состојба откако локалните власти ја објавија првата жртва ов коронавирусот во Калифорнија.

Починало постаро лице со здравствени проблеми.

Тоа беше првиот смртен случај во САД вон државата Вашингтон, каде починаа десет лица.

Нови случаи се пријавени и во двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...