Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, нагласи дека никогаш нема да биде добар момент за разговори со претседателот Николас Мадуро.
– Никогаш нема да биде добар момент за преговори со киднаперите, диктаторите и оние што ги кршат човековите права – изјави Гуаидо во Собранието на Каракас, контролирано од опозицијата.
Во мај, самопрогласениот претседател на Венецуела, Гуаидо и Мадуро, испратија свои пратеници во обид да најдат решение за политичката криза во Венецуела под покровителство на Норвешка, но тие преговори не успеаја.
Извори блиски до Гуаидо и Мадуро во неделата најавија дека преговорите ќе продолжат оваа седмица.
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES