Гуаидо: Не отфрлувам странска воена интервенција

152

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо разгледува странска воена интервенција како крајна мерка за соборување на Владата на претседателот Николас Мадуро.

– Не отфрлувам воена интервенција, затоа што сосема е јасно за што се работи во режимот на Мадуро – изјави Гуаидо за бразилскиот весник „Фола де Сао Пауло“.

– Но тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да олесниме мирна транзиција – додаде тој.

Во судирите меѓу опозицијата и полицијата кои траат од вторникот, според податоци на невладини организации, досега загинале четири лица, а околу 300 се повредени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...