Гуаидо: Мадуро се обидува да префрла 1,2 милијарди долари во Уругвај

363
foto MIA

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо денеска изјави дека Владата на претседателот Николас Мадуро се обидува да префрли 1,2 милијарди долари од државната банка за развој Бандес во една финансиска организација во Уругвај.

Но, Гуаидо не изнесе докази за своето тврдење.

Тој упати и апел до уругвајските власти да не дозволат таква финансиска трансакција оти тоа е „крадење на јавните средства“.

Министерството за информации на Венецуела се уште не ги коментираше обвинувањата на Гуаидо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...