Грчко МНР: Хан да не ги поткопува преговорите за името

482

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

– Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција – јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...