Грчко МНР: Мицотакис нека си се информира од пријателите во ВМРО-ДПМНЕ

1742
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Министерството не е надлежно да информира за изјавите од ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од грчкото МНР, во одговор на соопштението од опозициската Нова демократија.

„Министерството за надворешни работи не е надлежно, ниту пак има должност да ја известува Нова демократија за изјави од опозицијата на ПЈРМ (ВМРО-ДПМНЕ) сестринска партија на Нова демократија во Европската народна партија, до која треба да се обрати“, соопштуваат од грчкото МНР, во однос на соопштението од грчката опозициска партија и додаваат дека со оглед на тоа дека лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис се наоѓа во Минхен, за конгресот на ЕПП, може да најде време да се информира од „неговите пријатели од ВМРО“.

Од Министерството за надворешни работи на Грција ѝ порачуваат на Нова демократија „следен пат кога ќе сака да добие информација за случувањата во преговорите, добро би било директно да го побара тоа од Министерството“.

Од опозициската Нова демократија преку надлежниот за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, побараа известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор со ПЈРМ“.

Од Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17.45 часот побарале информации од Никос Коѕијас, а до моментот на издавање на денешното соопштение, 12.40, не добиле никакво известување.

ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...