Грчки владин претставник: Постигнат е договор

311
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Постигнат е договор меѓу двете земји вели претставник на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите извори Грција смета дека договорот ги исполнува грчките предуслови за ерга омнес име.

Кусо по 18 часот по локално време започна средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со претседателот на државата Прокопис Павлопулос. Веднаш потоа грчкиот премиер ќе ги извести лидерите на политичките партии, а потоа веројатно ќе има обраќање до јавноста.

Владата на Република Македонија соопшти дека во 18:30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев во врска со договорот за спорот со името со Грција.

Како што се наведува во информацијата од Владата, на прес-конференција ќе присуствуваат и министрите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...