Некои, за жал, инсистираат да играат игри, бил коментарот на грчки владин претставник за грчката новинска агенција АНА-МПА, во врска со вчерашното соопштение од македонското МНР.
– Имаме добар договор на маса, што, како што рече премиерот на ПЈРМ, треба набргу да се затвори. За жал некои инсистираат да играат игри – вели владин претставник за грчката новинска агенција, коментирајќи го соопштението од македонското МНР.
Грчките медиуми кои ги пренесуваат, како соопштението од Министерството за надворешни работи на Македонија, така и одговорот од грчка страна.
Македонското МНР вчера соопшти дека квалитетот на текстот на договорот и постигнувањето трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок.