Во 12 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе заврши во утревечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако претходно седницата беше закажана за 10 часот, почетокот, по барање на лидерот на Независни Грци, се одложи за 12 часот за да може да ја заврши церемонијата на примо-предавање на министерската позиција во Министерството за одбрана.
Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.
Утревечер, веројатно околу полноќ, како што најчесто е случај со гласањата во грчкиот Парламент, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на Владата.
За Владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.
Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS