Грчкиот Парламент в петок ќе гласа за Протоколот за НАТО

197
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Протоколот за членство на Македонија во НАТО во четврток ќе биде доставен и ќе го разгледа надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, а во петок ќе се најде пред грчките пратеници на пленарна седница, по што ќе биде и гласањето, соопшти претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е и Комисијата и пленарната седница да траат по еден ден.

За да биде изгласан протоколот, потребни се 151 глас, а се очекува сите пратеници кои гласаа за ратификацијата на Договорот од Преспа, да го поддржат и членството во НАТО.

Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...