Грчка партија бара нивното МНР да се распраша кај Заев за поткупот од бизнисмените

511

Грчкото МНР од Заев да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат, бараат од Движењето за промена.

Портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати – вели портпаролот на Движењето за промена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...