Грчка Влада: Разговорот помина во добра клима

1960

Во добра клима поминал телефонскиот разговор на Заев и Ципрас, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, а по едночасовниот разговор, двајцата премиери се договориле утре наутро одново да се слушнат. Потврдата за разговорот меѓу двајцата премиери дојде речиси истовремено и од двете влади.

– Премиерот Алексис Ципрас денес напладне имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, кој помина во добра клима. Двајцата премиери се договорија да ги завршат нивните разговори за време на нов телефонски разговор во вторник наутро, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...