Грчката полиција со солзавец ги растерува демонстрантите пред парламентот, кои и вечерва протестираат против договорот од Преспа.
Со грчки знамиња во рацете и со транспаренти „Македонија е грчка“, демонстрантите што се против ратификацијата на договорот, се собраа на повеќе локации во Атина.
Во грчкиот парламент во моментов трае дебатата пред утрешното гласање за договорот, кое е најавено за 14.30 часот.
Пред парламентот пред околу 3 – 4 часа се собраа неколку илјади луѓе извикувајќи „предавници“, бидејќи пратениците дебатираат за ратификацијата на договорот од Преспа.
Протестите се организирани од разни организации и движења, но за главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот, што го организира т.н. Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија.
Пред протестoт, околу 1.500 полицајци беа распоредени во Атина.