По информациите за наводен план Б претставен од Каменос во Вашингтон за меѓудржавни договори, извори од кабинетот на Ципрас, коментираат дека грчката Влада останува посветена на Договорот од Преспа и ги поддржува напорите на македонскиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
– Грчката Влада останува посветена на Договорот од Преспа. Ги почитува уставните процеси во соседната земја и ги поддржува напорите на господинот Заев да ги имплементира предусловите за Договорот да стапи во сила – коментираат извори од кабинетот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас.