Грчева од протестот пред Собрание: Ќе се распуштат со добро или на поинаков начин

3874

Неколку илјади граѓани протестираат пред Собранието за зачувување на уставното име.
„Да ја зачуваме идеологијата“, „Борбата продолжува“, „Македонија е вечна“ се само дел од пораките на говорниците. Насобраните граѓани пеат патриотски песни како „Едно име имаме“ и извикуваат Македонија, Македонија.

– Добровечер Македонио, ние не сме саде тука и не сме само ние. Попусто ќе не бројат на овој протест, насекаде сме низ сите континети со една мисла Македонија не ја даваме. Ни нанесоа болка но ќе одговараат и нема да им простиме. Ни посегнаа по македонштината, по човековите права, по душата- порача Солза Грчева.

Таа додаде дека Собранието ќе се распушти со добро или на поинаков начин и повика на сенароден отпор.

Протестот почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба на Игор Дурловски, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април. По химната, присутните дадоа аплауз за организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

На протестот присутни се членови на повеќе здруженија меѓу кои „Христијанско братство“, како и на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, а меѓу говорниците е и отец Ивица.

Присутните пред Собранието извикувааат: „Оставка“ и со ласер на зградата на Собранието испишуваа: „Оставка“ и „Предавство“.

Тие бараат „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...