Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации, побара денеска ГЛАС за Македонија.
– Ако го нема меѓу неговите партиски војници или блиски другарчиња, нека се охрабри и нека постави независен, квалификуван стручњак од областа на финансиите. Да не помисли да ја концентрира власта во своите раце. Македонија не е негова сопственост, ниту на неговата фамилија, ниту на неговите другари- се наведува во соопштението на претседателката на партијата, Солза Грчева.
Таа нагласува дека премиерот Заев, со назначувањето себе си за министер за финансии, чекори по патот на создавање на модел на државно уредување султанат, каде најбогатиот е султанот, а сите други се негови поданици.
– Тој под свое владеење сега ќе го има и буџетот за да го распродава на блиските и на оние кои ќе бидат со доволно свиткан рбет, за да му доаѓаат на баци-рака. А такви ќе има многу во нашата сиромашна и запустена држава. Исто така, ГЛАС за Македонија се сомнева дека дел од парите од буџетот, ќе бидат злоупотребени на претстојните парламентарни избори за поткуп на гласачи. Откога виде дека во залог за името и достоинството на Македонецот, доби студен туш од ЕУ, Заев пронаоѓа лукративни начини за да остане ултимативен господар на нашите животи. Дојде животот за семејството Заеви! – вели Грчева.
Таа потсетува:
– Истиот Заев, пред тоа се себеназначи за претседател на Советот за судски реформи со што се обиде и официјално да стави рака врз судската власт. Метлата која божем го мете неговиот испоганет двор, треба да започне од него. Не смееме да тонеме секој ден подлабоко, во секој поглед и никако не, во самовластие и диктатура – додава Грчева.