Грција ќе почне да забранува пушење цигари на плажа

895

Грција со пилот програма ќе почне да забранува пушење цигари на плажи, а почнува  од плажата Ваја на Серифос.

Оваа мерка тамошните власти ја најавија во пресрет на Светскиот ден без тутунски чад, кој се одбележува утре – 31 мај.

Грчките власти, меѓу другото, на оваа мерка се одлучиле и поради тоа што при чистење на бреговите во претходните години е утврдено дека токму отпушоците сочинуваат најголем дел од отпадот и дека со тоа ја загрозуваат природата. Ќе се следи примерот на оваа пракса која е веќе започната во Франција и Шпанија за да се спречи загадувањето на морето.

На плажата Ваја ќе има инструкции кои всушност ќе бидат контролирана зона за пушачи, каде ќе се наоѓаат пепелници со испишани пораки за заштита на околината, како и соодветени знаци со информации, објави .

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...