Двајцата премиери, Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска во Скопје најавија дека кога Македонија ќе влезе во НАТО, Грција ќе го чува македонското небо, бесплатно.
– Ова е нешто што немаме намера да го избегнеме на следните избори, двајцата се стремиме кон тоа да победиме на изборите. Знаете што е надоместот – стабилноста во нашиот регион. Тоа ние добиваме за возврат. Ние сакаме сосед што е стабилен политички, но и во поглед на безбедноста. Ете зошто соработката е од клучно значење. Само кога ќе имаме стабилен сосед и ние ќе се чувстуваме безбедно. Затоа ќе ги преземеме сите чекори во областа на безбедноста во Северна Македонија. Грција има врвни вештини и знаење во поглед на авијацијата. Таа е една од најразвиените во Источна Европа, имаме способност и капацитети да ја поддржиме Северна Македонија да гарантира стабилност и безбедност – рече Ципрас.
Тој најави обука на лица од Северна Македонија и користење на опрема од Грција, како и радарот од Солун.
– Заедничката безбедност спречува незаконски дела и несреќи, гарантира безбедни комуникации и транспорт на нашите граѓани. Јас патував со владиниот авион и секогаш забележува дека пилотот скршнува од патот за да ги избегне летовите над ПЈРМ. Тоа беше ступидно. Која друга земја може да ја игра таа улога? Грција секако. Затоа нема да има надомест за нашата услуга и никој нема да може да го промени овој договор – рече Ципрас.
– Македонија нема развиена авијација. Со Грција се договара по пат на меморандум таа да го покрива нашето небо. Тоа е добро за сите и за целиот регион. Кога немате авијација посегнувате по соседите, Албанија исто така е слаба со авијација. Правиме исчекор да довериме доверба на Грција која е докажан наш пријател и ќе биде уште поголем пријател – рече Заев.