Грција преку „Air– policing“ ќе го надгледува македонското небо

Инаку, во месец мај со два прелети во воздушниот простор на Македонија од страна на воздухоплови Ф-16 на грчката армија, се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air-policing “, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

350

Министерствата за одбрана на Македонија и Грција денеска во Атина потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор. Аранжманот кој го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на одбраната, генералот Христос Кристодулу претставува официјализирање на мисијата „Air– policing“, а ќе се реализира во координација со НАТО, информира Министерството за одбрана.

Потпишаниот аранжман произлегува од новиот Договор за соработка во одбраната, потпишан од страна на министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, за време на посетата во април годинава на високата владина делегација на Грција на нашата држава.

Инаку, во месец мај со два прелети во воздушниот простор на Македонија од страна на воздухоплови Ф-16 на грчката армија, се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air-policing “, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

Мисијата „Air-policing “ е ексклузивна придобивка која важи само за земјите членки на Алијансата и вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи и борбени авиони. Целта е заштита на интегритетот на воздушниот простор на НАТО земјите членки.

И последната земја членка на НАТО, Црна Гора, во текот на пристапувањето во НАТО потпиша технички договор  за „Air-policing“ со Грција и Италија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...