И шо праиме сега!. Грујо ќе оди „курбан“!. Ниту Мицковски, ниту Николовски ниту Ѓорчев не му помогнаа. Се изрезилија пред најпослушните членови кои ги тераа да митингуваат пред судот, Владата!. Не му помогна, а му одмогнаа!. Раце од него крена и најблиските на кои им даде да си ги наполнат џебовите, а го напушти и „братучедот“. Го оставија сам. Крекаа, викаа, ништо. Судот пресуди. „Вождот“ ќе оди две години на „академија“ во Идризово. Паметот да му дошол! Друг пат да не краде, да не лаже. Да не ја „резили’ Партијата. Последна надеж му е Иванов!?
Курбан Грујо ќе оди!. Да, а оние што демек беа многу загрижени под „мустаќи“ сега се смешкаат. Од жал ниту солза не пуштија, а тоа што се „удираа“ во гради само модринки добија. Не е Груевски за жалење. За жалење се сите тие што му велеа дека го сакаат. Да, токму така зашто се што презедоа за да го „спасат“, не само што не му помогнаа, туку му одмогнаа.
За референдумот уште само „кукулчиња“ што не ставија. Не што не гласаа туку се „пофалија“ дека го бојкотирале референдумот зашто СДСМ не сакале да дадат амнестија за Груевски ! И „како прле пред магаре“ се истрчаа и рекоа дека така им рекол да прават Груевски!. Го девалвираа!. И наместо поени добија „шлаканица“ од најголемите од Европа и Америка. Сите им рекоа дека грешат. Дека Преспанскиот договор е единствениот пат на Македонија да излезе од калта и да се приклучи во НАТО и ЕУ. Таму и е местото. Така им рекоа!. А тие, не, па не. Пак во име на „вождот“ се прогласија за „патриоти“, а другите ги нарекоа „предавници“. Со тоа добија уште еден „шамар“!.
Како „крлежи“ се закачија и рекоа дека нема гласови од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот. И додека се „удираа“ во гради седуммина пратеници, онолку колку што беа потребни, кренаа рака не за СДСМ туку за Македонија, за отварање на границите, за влез во НАТО и ЕУ и за подобар живот не само на сегашните туку и на идните генерации. Мицковски и оние околу него, кој покажаа жед за влас, не сопреа. Продолжија . „Предавниците“ ги избркаа од Партијата. Ја разнишаат. Многу членови се „тргнаа“ понастрана. Не знаеа кому да му веруваат.
„Ни велат ајде да бараме амнестија да го спасиме Груевски!. Така ни велеа!. Нема попуштање. Нема гласови додека не добиеме амнаестија. Така ни трубеа. Мајка Македонија не ја даваме. Друго име не сакаме!. А тие „без око да им трепне“ се вдомија во „белиот дворец“. Ги избркаа сите оние што не мислеа како нив зашто се плашеа вистината да не излезе на виделина!“. Така вели еден повеќегодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицковски и компанијата заминаа на Конгресот на сестринските партии во Хелсинки!?. Се изнасликаа, се изжалија, исплакаа, но, од „нивните браќа“, добиле уште еден „шамар“. Преспанскиот договор мора да биде изгласан.Така им рекоа. Како несакани гости, да не речеме „избркани“, предвреме се вратија. На Конгресот покрај Мицковски беа поканети и „избрканите“. Тие не само што останаа до крај туку биле примени со сите почести.
Со ваквиот чекор Мицковски не го спаси Груевски. Уште повеќе го девалвира, а на Запад, ВМРО-ДПМНЕ, не што изгуби туку не ја „есапат“како озбилна Партија. Груевски што ќе оди курбан е јасно како ден!. Но, курбан да не отиде и Партијата!?.